Вип и Сава Осигурување ги поделија бодовите

Вип 2-2(1-1) Сава Осигурување

Вип: Мартин Тодоровски 22′ Никола Спасевски 15′

Сава Осигурување: Трајче Илиевски 16′ 32′

Во првиот натпревар од седмото коло силите ги одмерија екипите на Вип и Сава Осигурување.

Првата фаза од полувремето помина во мирен ритам со испитување на силите и играта главно се одвиваше на средината на теренот без многу шанси и на двете страни. Како одминуваше полувремето се подигна темпото на игра што резултираше со погодок во 15та минута и водство на Вип од 1-0 и брз одговор од екипата на Сава Осигурување за израмнување на 1-1 во 16та минута. До крајот на полувремето и двете екипи креираа шанси за погодок но голманите со одлични интервенции ги зачуваа своите мрежи и на полувремето се отиде со 1-1. Во второто полувреме екипата на Вип успеа да постигне погодок преку Тодоровски за водство од 2-1. По оваа негатива екипата на Сава Осигурување се префрли во противничко поле и вршеше силен притисок кон противничкиот гол, таквата игра вроди со плод во 32та минута за израмнување од 2-2. Последните минути од натпреварот поминаа во неизвесност во кои и двете екипи имаа шанса за погодок, но сепак се задоволија со поделба на бодовите и резултат од 2-2.