Во драматична завршница Матрикс поуспешен од Гранит

Гранит 6-8(4-4) Матрикс

Гранит: Дарко Петров 6′ 8′ Дарко Стојановски 11′ 37 Ристе Бошков 2′ 32′
Матрикс:Дарко Цветковски 3′ 11′ 32′ Петре Даиловски 2′ 22′ 40′ Ивица Алампиоски 4′ Горан Манасиевски 39′

Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Гранит и Матрикс, уште на самиот старт во 2та минута екипата на Матрикс постигна погодок за водство од 0-1. Истата минута екипата на Гранит со брз одговор за израмнување од 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи одиграа во високо темпо на игра, со многу шанси за гол наизменично се менуваа во водството. На полувреме се замина со изедначен резултат од 4-4. Во второто полувреме се продолжи во висок ритам на игра со одлични воиграни акции и атрактивни потези. На самиот старт екипата на Матрикс успеа да постигне погодок и да го превземе водството, по ова екипата на Гранит се префрли на противничко поле вршејќи притисок со цел да дојде до израмнување што им успеа негде околу средината на полувремето. Финишот од натпреварот беше вистинска драма во која поконцентрирана беше екипата на Матрикс и успеа да го добие овој натпревар со 6-8.