Во голеада Алкалоид подобар од Гранит

Алкалоид 14-10(8-4) Гранит

Алкалоид: Оливер Христовски 3′ 5′ 21′ 24′ Стефан Димовски 17′ Сунај Казми 32′ Даниел Митич 20′ 34′ Дениз Салковиќ 11′ 15′ 31′ Николче Дамјановски 10′ Кристијан Арсовски 25′ Бобан Митевски 18′
Гранит: Стефан Тевдовски 7′ 14′ 33′ 37′ Дарко Петров 31′ 34′ Дарко Стојановски 23′ 40′ Пепи Мицев 16′ 19′

Возбудливо прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Алкалоид и Гранит, екипата на Алкалоид уште на стартот се префрли на противничкото поле и вршеше силен притисок кој и донесе рано водство од 2-0 во 5та минута. Екипата на Гранит по ова водство направи неколку промени и успеа да постигне погодок и фати резултатски приклучок. Сепак екипата на Алкалоид со одлична игра до крајот на полувремето успеваше да ја казни екипата на Гранит за на полувремето да замине со предност од високи 8-4. Во второто полувреме екипата на Гранит направи промена на тактиката и со голман играч во фаза на напад се обидуваше да го намали водството на Алкалоид од полувремето, во таквата отворена игра заборави на својата одбрана а екипата на Алкалоид вешто ги искористи тие пропусти и на крајот славеше со 14-10.