
ВДЛ Ван Хоол 10-9 (6-1) Авенга
ВДЛ Ван Хоол: Даниел Стаменковски 2’, 11’, 23’, Даниел Тасевски 14’, 25’, 33’, Иван Вукадиновски 8’, 20’, 35’, Гоце Андев 12’
Авенга: Владимир Тодоровски 34’, Иван Сотировски 28’, 37’, 38’, 40’, Ендрит Муареми 36’, 39’, 39’, Горан Младеновски 20’
Одлично прво полувреме одигра екипата на ВДЛ Ван Хоол во дуелот со Авенга, наметнувајќи офанзивна игра со високо темпо уште од самиот почеток. ВДЛ Ван Хоол го отвори резултатот преку Даниел Стаменковски во 2. минута, а потоа продолжи со силен притисок кон противничкиот гол. Авенга се обиде да ја зацврсти одбраната и да го смири темпото, но ВДЛ Ван Хоол успешно ги искористуваше грешките на противникот. Со одлична реализација и тимска игра, до 14. минута успеа да стекне убедлива предност од 5-0. Авенга и покрај неколкуте добри шанси, тешко доаѓаше до завршен удар, но во 20. минута Горан Младеновски успеа да ја затресе противничката мрежа и да намали на 5-1. Сепак, ВДЛ Ван Хоол до паузата постигна уште еден погодок и замина на одмор со предност од 6-1.
Во второто полувреме ВДЛ Ван Хоол продолжи со одличната игра и до 35. минута успеа да ја зголеми предноста на 10-3. Авенга имаше можност да ја намали негативата од пенал, но не успеа да ја искористи шансата. Сепак, екипата не се предаде и со силен финиш започна да ја топи високата негатива. Иван Сотировски и Ендрит Муареми ја предводеа офанзивата, а со нивните погодоци Авенга успеа во последната минута да стигне до само еден гол негатива, при резултат 10-9. И покрај големиот налет на противникот, ВДЛ Ван Хоол успеа да ја сочува предноста и да ги освои трите бода.
Играч на натпреварот: Иван Сотировски (Авенга)