Алкалоид со одлично прво полувреме до победата над Халк Банка

Алкалоид 7-3(5-0) Халк Банка

Алкалоид: Стефан Димовски 23’ Антонио Максимовски 7’ Синиша Петковски 5’ 14’ Дарко Петрушевски 6’ 17’ Марко Марковски 39’
Халк Банка: Влатко Блажевски 24’ Дејан Петкоски 30’ 36’

Одлично прво полувреме за екипата на Алкалоид во дуелот со Халк Банка, тие одлично ја поставија играта до самиот старт со цврста одбрана и брзи контра напади успеаа да поведат уште во раната фаза. Синиша Петковски во 5та минута го отвори резултатот и и донесе предност на својата екипа од 1-0, ова рано водство дојде како ветер во грб за екипата на Алкалоид која до 7та минута успеа да дојде до предност од 3-0. Екипата на Халк Банка играше цврст фубал и вршеше силен притисок кон голот на противникот но Алкалоид го затвори пристапот кон својот гол и со брзи контра напади успеваше да ја зголемува резултатската предност која до поаузата изнесуваше 5-0. Во второто полувреме екипата на Алкалоид продолжи со одличната игра и зголеми на 6-0 во 23та минута. Екипата на Халк Банка успеа преку Петковски и Блажевски да ја намали негативата и да дојде до резултат од 6-2, но Алкалоид имаше своја вечер успеа да ја сочува предноста од првото полувреме и славеше на крајот од овој дуел со 7-3.