Алкалоид ја сочува предноста и славеше над Матрикс

Матрикс 3-6(0-3) Алкалоид

Матрикс: Драган Брњарчевски 31’ 31’ Даниел Кртевски 26’
Алкалоид: Стефан Димовски 28’ Матрин Трифунов 15’ 20’ Синиша Петковски 22’ Дарко Петрушевски 1’ Кристијан Патров 23’

Одличен почеток за екипта на Алкалоид во дуелот со Матрикс, тие уште во првата минута од полувремето успеаа да го изненадат противникот и преку Петрушевски поведоа со 0-1. По ова рано водство екипта на Алкалоид продолжи со висок притисок кон голот на противникот, но Матрикс одлично ја постави одбраната и не дозволуваше лесни погодоци а на спротивната страна се закануваше преку брзи контра напади. Сепак до крајот на полувремето екипата на Алкалоид ги искористи своите шанси па на паузата замина со предност од 0-3. Во второто полувреме екипата на Алкалоид продолжи со одличната игра и успеа да дојде до солидна предност од 0-5. Екипата на Матрикс беше приморана да направи тактички измени и во игра да внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот и да дојде до шанси за погодок. Ова делумно вроди со плод па екипата на Матрикс успеа да реализира 3 погодици, но екипата на Алкалоид продолжи со одличната реализација па ја одржуваше резултатската позитива. До крајот на натпреварот екипата на Алкалоид не дозволи изненадување и на крајот од овој дуел славеше со 3-6.