Алма М со одлично второ полувреме до победата над А1

А1 2-6(1-0) Алма М

А1: Марко Недески 22’ Кристијан Каруловски 18’
Алма М: Бесир Абдула 37’ Јетмир Арифовиќ 22’ 26’ 35’ 36’ Зеќирија Биљали 40’

Екипите на А1 и Алма М одиграа одлично прво полувреме во кое целосен акцент и на двете страни беше ставен на играта во добраната. И двете екипи беа добро поставени со што успешно го затвараа приодот кон противничкиот гол. Иако на двете страни имаше отворени шанси за гол, голманите беа на ниво на задачата па успеваа со одлични интервенции да не дозволат реализација. Во ваквата игра во текот на целото полувреме мрежичките мируваа се до 18та минута кога А1 успеа да го изненади противникот со погодокот на Каруловски за водство од 1-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на А1 ја зголми предноста на 2-0 со погодокот на Недевски во 22та минута, ова ја примора екипата на Алма М да направи тактички промени и да настапи поофанзивно во овој дуел. Оваа тактика донесе резултат па до 26та минута успеаа да дојда до израмнување на 2-2. До крајот на натпреварот екипата на Алма М имаше подобра реализација па успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и да слави со 2-6.