ЕВН 3-5(2-1) Аптив
ЕВН: Хамза Јашари 14’ 19’ Злате Тасевски 31’
Аптив: Александар Марковски 39’ Дамјан Хрдличка 26’ Марио Настевски 9’ Стефан Петрушевски 22’ 30’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Аптив, двете екипи во овој натпревар настапија со отворена игра. Екипата на Аптив со погодокот на Настевски успеа да го отвори резултатот во 9та минута, ова ја примора екипата на ЕВН да започне со пресинг и во 14та минута успеаа да дојдат до израмнуање на резултатот на 1-1 преку погодокот на Јашари. Во финишот од првото полувреме Јашари со вториот погодок успеа да донесе целосен пресврт на ЕВН и водство од 2-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Аптив ги консолидира своите редови и од самиот почеток успеа да дојде до израмнување на 2-2 со погодокот на Петрушевски. Како одминуваше времето екипата на Аптив беше се поконкретна и успеа да дојде до повторно водство од 2-4. Екипата на ЕВН во својата екипа внесе голман играч што им створи вишок во нападот па преку Тасевски успеа да дојде до само еден гол негатива што ја направи завршницата на овој натпревар неизвесна. Во ваквата завршница екипата на Аптив успеа да ја зачува предноста и на крајот од овој натпревар да слави со 3-5.