Аџибадем Систина во второто полувреме до победата над ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 6-7(3-3) Аџибадем Систина

ЕЛЕМ: Тихомир Груевски 12’ Горан Николов 14’ Шкиприм Руфати 15’ 31’ Александар Трајков 25’ Влатко Петровски 39’
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 37’ Кристијан ДИмковски 19’ Златко Бошковски 13’ 23’ Дамјан Никодиновски 2’ 26’ 29’

Одлично прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Аџибадем Систина. Екипата на Систина уште во 2та минута од полувремето со погодокот на Никодиновски успеа да го отвори резултатот и поведе со 0-1, по ова рано водство екипата на ЕЛЕМ ги консолидира своите редови и преку Груевски во 12та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот на 1-1. Екипата на Аџибадем Систина преку Бошковски успеа да дојде до повторно водство 13та минута и водство од 1-2.Екипата на ЕЛЕМ преку Николов и Руфати успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-2 до 15та минут аод полувремето, и кога се чинеше дека со овој резултат ќе се замине на паузата кај Систина Димковски реализираше за 3-3 на паузата. Во второто полувреме се продолжи со одлична игра, двете екипи имаа одлични реализации сепак екипата на Аџибадем Систина имаше подобра реализација и преку Никодиновски и Бошковски успеаа да стекнат предност од 5-7 до 37та минута од полувремето. Екипата на ЕЛЕМ во завршницата успеа да намали на само гол негатива но немаше сили за израмнување па на крајот екипата на Систина славеше со 6-7.

Играч на натпреварот: Дамјан Никодиновски (Аџибадем Систина)