
Алкалоид 2-2 (0-1) Халк Банка
Алкалоид: Стефан Димовски 29’; Дарко Петрушевски 37’
Халк Банка: Влатко Блажевски 13’; Апостол Ангелковски 39’
Динамично прво полувреме, одиграно во високо темпо, прикажаа екипите на Алкалоид и Халк Банка. Двата тима од самиот почеток настапија со цврста и офанзивна игра, но истовремено беа добро поставени во одбраната, поради што не беа забележани многу погодоци. Халк Банка прва успеа да ја затресе противничката мрежа, откако Влатко Блажевски во 13. минута донесе водство од 0-1. По примениот гол, Алкалоид се обиде со поофанзивен пристап и висок притисок да стигне до израмнување. Сепак, Халк Банка одлично ја организираше одбраната, а со неколку сигурни интервенции на голманот Кандикјан успеа да ја зачува предноста и на паузата да замине со водство од 0-1. Во второто полувреме Алкалоид го засили притисокот кон противничкиот гол, што резултираше со израмнување во 29. минута, кога Стефан Димовски погоди за 1-1. Алкалоид продолжи со офанзивната игра и во 37. минута преку Дарко Петрушевски успеа да направи целосен резултатски пресврт и да поведе со 2-1. Сепак, Халк Банка не се предаде и во самиот финиш успеа да стигне до израмнување. Апостол Ангелковски во 39. минута постигна одличен погодок за 2-2, со што го постави конечниот резултат и донесе поделба на бодовите во ова дерби.
Играч на натпреварот: Апостол Ангелковски (Халк Банка)