Аџибадем Систина немаше доволно сили за пресврт во дуелот со СИГАЛ Иншуренс Груп

СИГАЛ Иншуренс Груп 8-6(5-0) Аџибадем Систина

СИГАЛ Иншуренс Груп: Арбен Нухиу 17’ 18’ Беким Љута 16’ 24’ Шабан Чупи 3’ Ербин Даци 19’ 34’ 36’
Аџибадем Систина: Кристијан ДИмковски 22’ 33’ 35’ 37’ Филип Наковски 34’ Далибор Дамјановиќ 26’

Во првиот натпревар од завршниот турнир силите ги одмерија екипите на СИГАЛ Иншуренс Груп и Аџибадем Систина, двете екипи во оваа елиминациона фаза влегоа мотивирани и со отворена игра често доаѓаа до шанси за погодок. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп преку Чупи во 3та минута успеа да го изненади противничкиот голман и да поведе со 1-0, ова ја примора екипата на Аџибадем Систина да започне со по офанзивна игра со цел да дојде до погодок за израмнување. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп не дозволуваше лесен погодок на противникот, а преку брзи контра напади се закануваше на спротивната страна. Како одминуваше времето екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп успеа да ја скрши одбраната на Аџибадем Систина и во завршницата на полувремето имаше одлична серија на погодоци која им донесе предност од 5-0. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина во своите редови внесе голман играч со цел да дојде до поволна позиција и да ја намали резултатската негатива. Екипата на Аџибадем Систина на стартот на второто полувреме успеа да намали на 5-1, но СИГАЛ Иншуренс Груп одлично ја контролираше играта и резултатот па брзо повторно зголеми на 6-1. Како одминуваше времето во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина успеа да дојде до само два гола негатива во 35та минута при резултат од 7-5, но СИГАЛ Иншуренс Груп не дозволи пресврт па на крајот од овој дуел славеше со 8-6.