
Аџибадем Систина 12(2-4) Атлантик Груп
Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 21’ 30’ 35’ Кристијан ДИмковски 8’ 17’ 24’ 25’ 26’ 33’ Далибор Дамјановиќ 37’ 38’ 39’
Атлантик Груп: Благојче Јовчевски 12’ 37’ 40’ Благојче Стојановски 36’ Влентино Трајковски 4’ 5’ 6’ 36’ 40’
Одличен почеток за екипата на Атлантик Груп во дуелот со Аџибадем Систина, тие уште на самиот старт со одлично поставена игра и брзи контра напади успеаа да дојдат до рано водство. Кај екипата на Атлантик Груп Трајковски имаше одличен почеток па до 5та минута успеа да реализира хет трик и да и донесе водство на својата екипа од 0-3. По ова рано водство на Атлантик екипата на Систина ја зацврсти играта во одбраната и успеа да дојде до намалување на разликата на 2-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина ги коснолидира своите редови и успеа да ја стопи резултатската негатива и во 24та минута успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 4-4. Екипата на Систина продолжи со одличната игра па успеа да дојде и до целосен резултатски пресврт и водство од 9-4. Екипата на Атлантик се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но времето беше сојузник на екипата на Аџибадем Систина која на крајот на овој ефикасен натпревар славеше со 12-9