Бошковски во последните секунди ја обезбеди победата на Фабрика Карпош над Нетцетера

Нетцетера 3-5(1-3) Фабрика Карпош

Нетцетера: Теодор Димитровски 30’ Евгениј Костадинов 2’ 22’
Фабрика Карпош: Филип Илиевски 9’ Лазар Божиновски 17’ Тони Котев 6’ Оливер Бошковски 40’ 40’

Динамично прво полувреме прикажаа екипите на Нетцетера и Фабрика Карпош, двете екипи наметнаа високо темпо на игра од самиот старт. Екипата на Нетцетера прва го отвори резултатот во 2та минута со погодокот на Костадинов, по ова рано водство Фабрика Карпош со погодокот на Котев успеа во 6та минута да израмни на 1-1. Илиевски за Фабрика Карпош во 9та минута успеа да донесе целосен резултатски пресврт и водство од 1-2 за својата екипа. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси но екипата на Фабрика Карпош преку Божиновски успеа да зголеми на 1-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Нетцетера ги косолидира своите редови и преку Костадинов во 22та и Димитровски во 30та успеаа да дојдат до израмнување на резултатот 3-3 што ја направи завршницата доста интересна. Во послендите секунди од мечот тренерот Казаковски направи беспрекорен потег и во игра го внесе Бошковски кој со два погодоци во последните секуни ја осигура победата на Фабрика Карпош со резултат од 3-5.