Брњарчевски со гол во полседните секунди ја осигура победата на Матрикс во дуелот со Окта

Mатрикс 5-4(2-3) Окта

Матрикс: Драган Брњарчевски 40’ Тони Брњарчевски 5’ 25’ Даниел Боневски 29’ Даниел Крстевски 17’
Окта: Бојан Станковиќ 9’ Иван Мицевски 14’ 18’ 29’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и Окта, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој натпревар и атакуваа на голот на противникот уште од самиот старт. Екипата на Матрикс прва го отвори резултатот во 5та минута преку Брњарчевски, но екипата на Окта не дозволи радоста да трае долго па преку Станковиќ во 9та минута успеа да израмни на 1-1. Екипата на Окта во 14та минута преку Мицевски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и предност од 1-2. По оваа негатива екипата на Матрикс го подигна темпото на игра и се почесто доаѓаше до шанси за погодок па во 17та минута успеа да израмни на 2-2. До крајот на полувремето двете екипи имаа одлични шанси екипата на Окта преку Мицевски успеа да поведе со 2-3 и на паузата да замине со минимална предност. Во второто полувреме екипите продолжија со цврста игра, екипата Матрикс успеа да дојде до израмнување на резултатот на 3-3 што го направи второто полувреме доста интересно. Екипата на Окта успеа да дојде до повторно водство од 3-4, што ја примора екипата на Матрикс во своите редови да внесе голман играч. Оваа тактика се погоди како правилна бидејќи успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 4-4, а само 10 секунди пред крајот успеаа да дојдат и до целосен резултатски пресврт и победа на овој меч со 5-4.