
Матрикс 9-5(5-4) Стопанска Банка
Матрикс: Предраг Стојмировиќ 13’ Тони Брњарчевски 12’ 18’ 25’ 29’ 33’ Даниел Крстевски 9’ 19’ 35’
Стопанска Банка: Марко Ташков 36’ Кристијан Апостоловски 13’ Дарко Симјановски 14’ 17’ Кристијан Богдановски 6’
Ефиксно прво полувреме ни прикажаа екипите на Матрикс и Стопанска Банка, двете екипи на теренот настапија со отворен фудбал што ни донесе одлични погодоци од самиот старт. Екипата на Стопанска Банка го отвори резултатот со погодокот на Богдановски во 6та минута од полувремето, екипата на Матрикс возврати три минути подоцна преку Крстевски и израмни на 1-1. По овие воведни погодоци Матрикс имаше одлична серија и успеа да дојде до предност од 3-1 до 13та минута, но Стопанска Банка ги консолидира своите редови и успеа да дојде до израмнување на 4-4 до 18та минута. Во самата завршница Матрикс реализираше преку Крстевски за миниламна предност од 5-4 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Матрикс продолжи со одлична игра и од минута ја зголемуваше резултатската предност. Па до 35та минута успеа да дојдат до предност од 9-4. Кај екипата на Матрикс денеска блесна Тони Брњарчевски кој со 5 гола ја водеше својата екипа до сигурна победа. Екипата на Стопанска Банка во 36та минута преку пенал кој го реализираше Ташков успеа да ја ублажи резултатксата негатива. На крајот од овој дуел екипата на Матрикс славеше со 9-5.