
Ван Хоол 6-2(2-1) Алма М
Ван Хоол: Филип Никодиновски 10’ 32’ Даниел Стаменковски 9’ 35’ 40’ Александар Блажевски 38’
Алма М: Јетмир Арифовиќ 17’ 19’
Екипата на Ван Хоол доста мотивирано и со целосно сериозен пристап влезе во дуелот со Алма М, на самиот старт на овој натпревар и двете екипи играа егал. На двете страни се играше цврста одбрана со што одлично беа затворени приодите до двата гола. Во првата половина од првото полувреме поточно 9та минута екипата на Ван Хоол преку контра напад во реализација на Стаменковски успеа да поведе со 1-0, само минута подоцна му се придружи неделковски кој зголеми на 2-0. Екипата на Алма М во самиот финиш од полувремето во 17та минута успеа да се врати во натпреварот со намалување на разликата на 2-1, овој гол беше во реализација на Арифовиќ со ваква резултатска неизвесност се отиде на паузата. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол успеа целосно да ја превземе контролата врз натпреварот играа цврста одбрана што им овозможуваше преку контра напади да доаѓаат до изгледни шанси за гол. Со ваквата поставеност од минута во минута го зголемуваа водството кое на крајот од натпреварот изнесуваше 6-2 во корист на екипата на Ван Хоол