
ВДЛ Ван Хоол 7-6(4-3) LC Waikiki
ВДЛ Ван Хоол: Филип Никодиновски 30’ Даниел Стаменковски 26’ Иван Вукановски 2’ 7’ Александар Блажевски 14’ 20’ 27’
LC Waikiki: Ергин Алими 16’ Фуркан Фетаи 14’ 37’ Адмир Халилович 10’ 29’ Есер Сулејмани 39’
Одличен почеток за екипата на ВДЛ Ван Хоол во дуелот со LC Waikiki, тие од самиот старт наметнаа високо темпо на игра што им донесе реализација уште во раната фаза. Екипата на ВДЛ Ван Хоол со погодоците на Вукановски во 2та и 7та минута успеаа поведат со 2-0, екипата на LC Waikiki во 10та минута со погодокот на Халилович успеа да намали на 2-1. Екипата на LC Waikiki крајот на полувремето успеа да дојде до израмнување на резултатот на 3-3 што дополнително ги мотивираше екипите за да го зголемат темпото на игра. До крајот на полувремето екипата на ВДЛ Ван Хоол успеа да реализира уште еден погодок преку Блажевски и на паузата да замине со минимална предност од 4-3. Во второто полувреме двете екипи продолжија со одличната игра се играше цврсто на раб на фаул, екипата на ВДЛ Ван Хоол имаше одлична серија и успеа да дојде до предност од 6-3. Ова ја примора екипата на LC Waikiki да ги консолидира своите редови и да започне да ја топи резултатската негатива, тие до 39та минута успеаа да дојдат на само гол разлика 7-6 што ја направи завршницата на овој дуел доста интересна. Сепак екипата на ВДЛ Ван Хоол ја сочува предноста и славеше со резултат од 7-6.