ВДЛ Ван Хоол со пресврт во второто полувреме до победата над Кромберг и Шуберт

Кромберг и Шуберт 3-4(3-2) ВДЛ Ван Хоол

Кромберг и Шуберт: Гоце Конески 3’ Давид Денковски 8’ 18’
ВДЛ Ван Хоол: Даниел Стаменковски 4’ 32’ Александар Блажевски 19’ 33’

Ефикасно прво полувреме одиграа екипите на Кромберг и Шуберт и ВДЛ Ван Хоол, двете екипи солно мотивирани влегоа во овој дуел. Екипата на Кромберг и Шуберт во 3та минута успеа да го отвори резултатот со погодокот на Конески, екипата на ВДЛ Ван Хоол имаше брз одгвор преку Стемнкоски во 4та минута од полувремето. По овие воведни голови екипите продолжија со високо темпо на игра и со брза транзиција често се закануваа кон голот на противникот. Екипата на Кромберг и Шуберт успеа да дојде до повторно водство со погодокот на Денковски, ова ја примора екипата на ВДЛ Ван Хоол да го зголеми темпото да настапи поофанзивно. До крајот на полувремето двете екипи постигнаа по еден гол па на паузата заминаа со резултат од 3-2. Во второто полувреме се продолжи со одлична игра, екипата на ВДЛ Ван Хоол во второто полувреме успеа да ги искористи своите шанси имаше подобра реализацаија па во 32та минута преку Стаменковски успеа да израмни на 3-3, а само минута подоцна преку Блажевски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-4. Во завршницата на натпреварот екипата на Кромберг и Шуберт вршеше силен притисок кон голот на противникот, но ВДЛ Ван Хоол ја сочува предноста и славеше на крајот од овој дуел со 3-4.