ВДЛ Ван Хоол со тимска игра до победата над Макстил

Макстил 3-7(1-6) ВДЛ Ван Хоол

Макстил: Маркоски Чедо 37’ Мартин Блажевски 36’ Божинов Александар 9’
ВДЛ Ван Хоол: Филип Никодиновски 14’ Даниел Стаменковски 7’ 16’ Иван Вукановски 6’ 8’ Дарко Стојановски 38’ Гоце Андев 14’

Одличен почеток за екипата на Ван Хоол во дуелот со Макстил, тие уште на самиот почеток од натпреварот наметнаа високо темпо на игра кое им донесе водство уште во раната фаза. До 8та минута екипата на Ван Хоол стекна предност од 0-3, екипата на Макстил по оваа негатива ги консолидира своите редови и преку Божинов успеа да намали на 1-3. Сепак екипата на Ван Хоол имаше одличен ритам на игра и успеа преку одлично поставена одбрана и брзи контра напади да ја зголемува резултатската разлика се до 1-6 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Макстил со чести ротации ја одржуваше свежината во својот состав и се обидуваше да ја намали резултатската негатива но ВДЛ Ван Хоол со одлична поставеност во одбраната и Наумовски на голот не дозволуваше на противникот резултатски да се доближи. До крајот на натпреварот екипата на Матрикс внесе во својот состав голман играч и успеа да ја намали негативата но Ван Хоол ја сочува предноста од првото полувреме и на крајот славеше со 3-7.