ВДЛ Ван Хоол со цврста игра до победата над Нетцетера

Ван Хоол 5-1(3-0) Нетцетера

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 33’ Иван Вукановски 4’ 40’ Александар Блажевски 2’ 14’
Нетцетера: Александар Глигоров 23’

Одлично прво полувреме одигра екипата на Ван Хоол во дуелот со Нетцетера. Од самиот старт Ван Хоол наметна силно темпо, што резултираше со погодок уште во 2. минута. Александар Блажевски беше прецизен за рано водство од 1-0. Само две минути подоцна, Иван Вукановски го удвои водството на Ван Хоол за 2-0. Нетцетера се обидуваше да ја пронајде својата игра, го подигна темпото и сè почесто се закануваше кон противничкиот гол, но цврстата одбрана на Ван Хоол не дозволуваше лесна реализација. До крајот на првото полувреме, Блажевски повторно ја затресе мрежата на Нетцетера, комплетирајќи го својот втор погодок на натпреварот и носејќи му на својот тим убедливо водство од 3-0 на паузата. Во второто полувреме Нетцетера успеа да намали на 3-1 преку Александар Глигоров во 23. минута, со што внесе дополнителна неизвесност во натпреварот. Нетцетера во продолжението се обиде со голман-играч да создаде дополнителен простор во предниот дел и да стигне до нови шанси за гол. Сепак, Ван Хоол одлично ја контролираше играта, ја сочува предноста и во финишот постигна уште два гола. Со погодоците на Даниел Стаменковски и Иван Вукановски, Ван Хоол стави точка на натпреварот и заслужено славеше со убедливи 5-1.
Играч на натпреварот: Иван Букановски (Ван Хоол)