
Сигал Иншуренс Груп 9-3(4-3) Нелт
Сигал Иншуренс Груп: Арбен Нухиу 10’ 13’ 14’ 19’ Анди Нухиу 22’ 27’ Аднан Лимани 39’ Фисник Нухиу 36’ Беким Љута 26’
Нелт: Алкесандар Георгиевски 1’ Александар Таневски 19’ 20
Одличен старт имаше екипата на Нелт во дуелот со Сигал Иншуренс Груп. Уште во 1. минута, по грешка на противничката одбрана, Алкесандар Георгиевски ја искористи шансата и донесе водство од 0-1. Сигал Иншуренс Груп постепено го подигнуваше темпото и преземаше контрола врз играта. Расположениот Арбен Нухиу со три гола во краток период го предводеше својот тим до пресврт и водство од 3-1 до 14. минута. Нелт не се предаде и во завршницата од првото полувреме преку Александар Таневски успеа да ја намали негативата. Таневски постигна два гола за само една минута, па на паузата се замина со минимално водство на Сигал Иншуренс Груп од 4-3. Во второто полувреме Сигал Иншуренс Груп целосно ја презеде контролата врз играта и резултатот. Од минута во минута домаќините ја зголемуваа предноста, додека Нелт имаше неколку добри можности за гол, но недостасуваше реализација во завршницата. Во продолжението Сигал Иншуренс Груп беше далеку поефикасен, постигна уште пет гола и до крајот на натпреварот стигна до убедлива победа од 9-3.
Играч на натпреварот: Арбен Нухиу (Сигал Иншуренс Груп)