Во банкарското дерби Халк Банка и Стопанска Банка ги поделија бодовите

Халк Банка 4-4(1-1) Стопанска Банка

Халк Банка: Тигран Кандикјан 10’ Влатко Блажевски 39’ Мартин Дамевски 22’ Апостол Ангелковски 32’
Стопанска Банка: Марко Ташков 30’ 33’ Дарко СИмјановски 4’ Кристијан Богдановски 24’

Во банкарското дерби екипите на Халк Банка и Стопанска Банка имаа одличен старт, двете екипи силно мотивирани влегоа во овој дуел. Екипата на Стопнска Банка прва го отвори резултатот со погодокот на Симјановски во 4та минута, по оваа негатива екипата на Халк Банка притисна во предно поле и се почесто се закануваше кон голот на противникот. Екипата на Халк Банка успеа да го скрши отпорот на противникот и во 10та минута преку голманот Кандикјан успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето иако екипите имаа одлични шанси изостануваше завршница па екипите на паузата заминаа со резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Халк Банка преку Дамевски во 22та минута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-1. Екипата на Стопанска Банка во своите редови внесе голман играч со цел да створи вишок во нападот. Оваа тактика за екипата на Стопнска Банка вроди со плод па до 33та минута успеаа да дојдат до повторен пресврт и водство од 3-4. До крајот на натпреварот темпото на игра се зголемуваше екипите се обидуваа да ги искористат грешките на противникот и да дојдат до поволен резултат. Во самата завршница екипата на Халк Банка успеа да го израмни резултатот на 4-4 и да ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на крајот од овој натпревар екипите ги поделија бодовите.