
Матрикс 2-3(2-0) УНИКА
Матрикс: Тони Брњарчевски 14’ Даниел Боневски 18’
УНИКА: Донард Бајрами 39’ Арбен Нухиу 22’ Анди Нухиу 28’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и УНИКА двете екипи од самиот старт започнаа со високо темпо на игра, и често доаѓаа до отворени позивции за гол. Двете екипи имаа одлични шанси но голманите беа на ниво на задачата па во првата половина од полувремето мрежите мируваа. Како одминуваше времето така се зголемуваше и жарот во играта се до 14та минута кога Матрикс преку Брњарчевски успеа да поведе со 1-0. До крајот на полувремето екипата на УНИКА имаше неколку одлични шанси но слаба реализација што Матрикс го казни на спротивната страна преку Боневски и поведе со 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на УНИКА започна со силен притисок во предно поле, ваквата игра им донесе намалување на резултатската негатива на 2-1 а до 28та минута успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 2-2 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на УНИКА успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и на крајот од овој дуел да слави со резултат од 2-3.