Во динамична завршница ЕЛЕМ и ТАВ ги поделија бодовите

ЕЛЕМ 5-5(3-2) ТАВ

ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 3’ Синиша Ковачевиќ 9’ 36’ Владе Јанакиевски 19’ Дони Кадриу 34’
ТАВ: Мартин Сидоровски 6’ 35’ Јованче Видински 11’ Мирослав Петровски 32’ Сабри Лесковица 30’

Одличен почеток на натпреварот помеѓу екипите на ЕЛЕМ и ТАВ, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Екипата на ЕЛЕМ прва го отвори резултатот во 3та минута со погодокот на голманот Ничевски кој ја лобува противничката одбрана. Екипата на ТАВ не дозволи радоста да трае долго па во 6та минута успеа да дојде до израмнување на резултатот на 1-1. Екипите во продолжението од полувремето продолжија со израмнета игра, и гол за гол. Во самата завршница од полувремето екипата на ЕЛЕМ успеа да реализира одличен погодок од далечина па на полувремето замина со минимална предност од 3-2. Во второто полувреме се продолжи со израмнета игра екипата на ЕЛЕМ успеваше да реализира но екипата на ТАВ ги следеше во чекор и не дозволуваше зголемување на резултатската предност, а во 35та минута од второто полувреме успеаа да дојдат до израмнување на резултатот на 5-5 што ја направи завршницата на овој натпревар доста динамична. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со резултат од 5-5 екипите ги поделија бодовите.