
Лукоил 9-7(5-4) LC Waikiki
Лукоил: Иван Стојчев 13’ 23’ 24’ Лоренцо Николовски 1’ Димче Андов 5’ 31’ Јовица Ефтимов 4’ Давид Тренчев 20’ 34’
LC Waikiki: Бесмир Реџепи 15’ Џемаил Рамадани 27’ Фуркан Фетаи 12’ 18’ 37’ Адмир Халилович 9’ 33’
Одличен почеток за екипата на Лукоил во дуелот со LC Waikiki, тие уште во првата минута со погодокот на Николовски успеаа да го отвори резултатот. Екипата на LC Waikiki со обидуваше со отворена и офанзивна игра резултатски да се врати во натпреварот но екипата на Лукоил ја искористи отворената игра за зголемување на водството на 3-0 до 5та минута. Екипата на LC Waikiki во 9та минута успеа преку Халилович да намали на 3-1, ова им даде дополнителен мотив да притиснат во предно поле и почесто да се закануваат кон голот на противникот. Екипата на LC Waikiki до 19та минута од полувремето успеа да дојде до израмнување на резултатот на 4-4 и да ја врати неизвесноста во натпреварот. Сепак до паузата екипата на Лукоил успеа да искористи грешка во одбраната на противникот и поведе со 5-4. Во второто полувреме екипата на Лукоил со одлична реализација успеа повторно резултатски да се одвои па до 31та минута имаше предност од 8-5. Екипата на LC Waikiki имаше одлични шанси и реализација и успеа да дојде до само два гола негатива што ја направи завршницата доста динамична. Во ваквата завршница екипата на Лукоил ја сочува предноста и на крајот од овој дуел славеше со 9-7.