
TАВ 7-9(2-3) Алма М
TАВ: Ивица Продановски 23’ Сеад Демири 31’ 34’ Онур Хасан 21’ 26’ Мирослав Петровски 16’ Дарко Стоилевски 20’
Алма М: Абдула Фера 18’ 38’ 39’ 39’ 40’ Муртезани Мухамед 20’ Јетмир Арифовиќ 7’ 34’ Зеќирја Биљали 37’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Алма М. Екипите со цврсто поставена одбрана и брзи контра напади често доаѓаа до отворени шанси за гол. Екипата на Алма М го отвори резултатот во 7та минута со погодокот на Арифовиќ и поведе со 0-1, ова ја примора екипата на ТАВ да настапи поофанзивно па во 16та минута успеа да израмни на 1-1. Екипата на Алма М во во финишот од полувремето преку Фера и Муртезани успеа да дојде до предност од 1-3. Во последните секуни од полувремето екипата на ТАВ успеа да намали на 2-3. Во второто полувреме екипата на ТАВ ги консолидира своите редови и успеа да направи целосен резултатски пресврт па до 23та минута успеаа да дојдат до предност од 4-3. Ова одлично темпо на игра ги водеше ТАВ да ја зголемат резултатската предност и дојдат до резултат од 7-4. Екипата на Алма М не дозволуваше овој натпревар да заврши така лесно па со притисок во предно поле успеа да дојде до одлични реализации и израмнување на резултатот на 7-7. Во клучните моменти од натпреварот екипата на Алма М успеа да искористи грешки во одбраната на противникот и по груб старт преку пенал да дојде до повторно водство и победа во овој дуел со резултат од 7-9.
Играч на натпреварот: Абдула Фера (Алма М)