Матрикс со одлично второ полувреме до победата над LC Waikiki

LC Waikiki 2-4(2-2) Матрикс

LC Waikiki: Метим Рамадани 19’ Фуркан Фетаи 12’
Матрикс: Драган Брњарчевски 4’ 35’ Тони Брњарчевски 16’ Ивица Алампиоски 39′

Динамично прво полувреме одиграа екипите на LC Waikiki и Матрикс, со висок ритам на игра од самиот старт. Екипата на Матрикс на почетокот на полувремето настапи поофанзивно што им донесе водство во 4та минута со погодокот на Брњарчевски. Екипата на LC Waikiki успеа да ги консолидира своите редови и во 12та минута успеаа да Фетаи да израмнат на 1-1. Екипите беа рамноправни на теренот и со цврста игра и брзи контра напади често доаѓаа до изгледни шанси за погодок. До полувремето и двете екипи успеаа да реализираат по еден гол па на паузата се отиде со 2-2. Во второто полувреме екипата на Матрикс го подигна темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на противникот. Екипата на LC Waikiki остана ослабена во добраната по повреда на голманот па со голман играч се обидуваа да го зиненадат противникот. До крајот на дуелот екипата на Матрикс успеа да ја сочува предноста која ја стекна во 35та минута со вториот погодок на Брњарчевски за победа во овој дуел од 2-4.

Играч на натпреварот: Драган Брњарчевски (Матрикс)