ЕЛЕМ 8-8(4-3) УНИКА
ЕЛЕМ: Синиша Ковачевиќ 9’ 20’ Душан Спасеноски 15’ 28’ Димче Димитријески 13’ 33’ Дони Кадриу 25’ 26’
УНИКА: Арбен Нухиу 30’ Аднан Лимани 8’ 23’ 37’ Беким Љута 18’ 38’ Рони Адеми 5’ 27’
Динамично прво полувреме одиграа екипите на УНИКА и ЕЛЕМ, двете екипи од самиот почеток започнаа со отворен фудбал што се одрази и на резултатот. Екипата на УНИКА прва успеа да го отвори натпреварот со погодокот на Адеми на кој му се приклучи и Лимани за водство од 0-2. Екипата на ЕЛЕМ ги консолидира своите редови па со погодоците на Ковачевиќ и Димитријески успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. Екипата на ЕЛЕМ продолжи со одличната игра па преку Спасеноски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-2. До крајот на полувремето и двете екипи успеаа да постигнат по еден гол па на паузата се замина со резултат од 4-3. Во второто полувреме двете екипи продолжија со одлична игра, се играше гол за гол но екипата на ЕЛЕМ беше таа која успеваше да ја чува предноста на своја страна. Екипата на УНИКА во завршницата на овој натпревар успеа да дојде на само еден гол негатива што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во вакавата драматична завршница екипата на УНИКА успеа да го израмни резултатот па на крајот од овој натпревар екипите ги поделија бодовите.