Во драматична завршница СИГАЛ Иншуренс Груп и Атлантик Груп ги поделија бодовите

СИГАЛ Иншуренс Груп 7-7(1-2) Атлантик Груп

СИГАЛ Иншуренс Груп: Анди Хухиу 24’ 34’ 35’ Беким Љута 40’ Ербин Даци 16’ 33’ 40’
Атлантик Груп: Благојче Стојановски 18’ 20’ 21’ 26’ 37’ Валентино Трајковски 29’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на СИГАЛ Иншуренс Груп и Атлантик Груп, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани и со офанзивна игра. Екипите често се закануваа кон головите на противникот но голманите беа на ниво на задачата и не дозволуваа лесни погодоци. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп во 15та минута успеа да реализира преку Даци и да поведе со 0-1, ова ја примора екипата на Атлантик Груп да го зголеми темпото на игра и почесто да се заканува кон голот на противникот. До крајот на полувремето екипата на Атлантик Груп успеа преку два погодоци на Стојановски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 1-2. Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп продолжи со одличната игра па до 31та минута успеа да дојде до солидна предност од 2-6. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп ги консолидира своите редови па до 35та минута успеаа да ја стопат резултатската негатива и да дојдат до резултат од 5-6 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп успеа да искористи две грешки на противникот и да дојде до израмнување на 7-7.