
ЕЛЕМ 10-10(6-4) Атлантик Груп
ЕЛЕМ: Шкиприм Руфати 1’ 7’ 18’ 21’ 22’ Тихомир Груевски 3’ 8’ Пеце Соклески 15’ Антонио Ничевски 36’ Душан Спасеновски 37’
Атлантик Груп: Љупчо Павковиќ 4’ 5’ 19’ Благојче Стојановски 16’ 27’ 37’ Мирослав Тодоровски 23’ 26’ 31’ Далибор Тасевски 39’
Одличен почеток за екипата на ЕЛЕМ во дуелот со Атлантик Груп, тие уште во првата минута со погодокот на Руфати успеаа да поведат со 1-0. Само две минути подоцна ЕЛЕМ преку Груевски зголеми на 2-0, ова ја примора екипата на Атлантик Груп да започне со по офанзивна игра па преку Павковиќ со два гола успеаа во 5та минута до дојдат до израмнување на 2-2. Во продолжението на полувремето екипата на ЕЛЕМ имаше подобра реализација и успеа повторно да ја врати предноста на нивна страна со резултат од 4-2. До полувремето двете екипи имаа одлични погодоци па на паузата заминаа со резултат од 5-3. Во второто полувреме екипите продолжија со неизвесна и одлична игра. Екипата на Атлантик Груп успеа да дојде до повторно израмнување на резултатот и да ја врати неизвесноста во натпреварот. Екипите игра гол за гол до самата завршница . Во финишот од натпреварот екипите влегоа со резултат од 8-8 што ја направи завршницата доста динамична. Во ваквата завршница екипите играа егал па со резултат од 10-10 ги поделија бодовите.