Во ефикасен натпревар Леорон славеше над Атлантик Груп

Леорон 12-11(4-2) Атлантик Груп

Леорон: Едмонд Мемети 22’ 26’ Аддас Рамадани 19’ 21’ 33’ 33’ Астрит Имери 8’ 17’ 20’ 29’ 36’ 39’
Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 34’ Александар Николовски 20’ Благојче Јовчевски 30’ 34’ Благојче Стојановски 10’ 21’ 29’ 35’ 36’ 37’ 40’

Во последниот дуел за денеска силите ги одмерија екипите на Леорон и Атлантик Груп, двете екипи настапија во овој дуел со цврста игра на средината на теренот. Екипата на Леорон прва успеа да го отвори резултатот во 8та минута, екипата на Атлантик Груп успеа да возврати само две минути подоцна со погодокот на Стојановски и израмни на 1-1. Екипата на Леорон успеа да искористи две одлични шанси и да поведе со 3-1, сепак екипта на Атлантик Груп повторно брзо возврати и намали на 3-2. Сепак до полувремето екипата на Леорон имаше подобра реализација па на паузата замина со предност од 4-2. Во второто полувреме екипите продолжија со одлична и отворена игра што донесе одлични погодоци. Екипата на Леорон створи солидна предност од 10-5 во 33та минута. По оваа негатива екипата на Атлантик Груп направи тактички измени во својот тим и започна со топење на резултатската негатива па до самата завршница успеаа да дојдат на само гол негатива при резултат од 11-10 што ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Леорон успеа да ја зачува резултатската предност и да слави со резултат од 12-11.