
ТАВ 9-6(7-5) Алма М
ТАВ: Ивица Продановски 2’ 13’ 18’ 32’ Сеат Демири 5’ 7’ 19’ 20’ 23’
Алма М: Берат Лимани 3’ Абдула Фера 12” Мухамед Муртезани 6’ Бесир Абдула 38’ Јатимр Арифовиќ 11’ Зеќирија Биљали 14’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Алма М, двете екипи настапија со офанзивен фудбал. Екипите ги користеа своите голмани како голман играч што дозволи отворена и ефикасна игра, екипата на ТАВ прва го отвори резултатот со погодокот на Продановски и поведе со 1-0 во 2та минута, но екипата на Алма М брзо одговори и преку Лимани израмни на 1-1. Екипите играа ефикасно прво полувреме и гол за гол со одлична реализација но ниту една од екипите не успеваше резултатски да се одвои. До крајот на полувремето екипата на ТАВ имше подобра реализација па на паузата замина со предност од два погодци 7-5. Во второто полувреме екипите продолжија со одличната игра, екипата на ТАВ со чести ротации во својот тим ја одржуваше свежината кај своите играчи што им донесе подобра реализација. Екипата на Алма М вршеше силен притисок кон голот на противникот но ТАВ ја смири играта на теренот и одлично ја сочува предноста за победа во овој дуел со 9-6.