
LC Waikiki 8-8(6-3) Аџибадем Систина
LC Waikiki: Енгин Алими 10’ 11’ 39’ Есер Сулејмани 8’ 17’ 18’ 19’ 38’
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 17’ Златко Бошковски 21’ 30’ Еко Османовиќ 9’ 14’ 28’ 37’ 38’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на LC Waikiki и Аџибадем Систина, двете екипи со цврста игра во одбраната и брзи контри се обидуваа да дојдат до резултатска позитива. Екипата на LC Waikiki во 8та минута го отвори резултатот со погодокот на Сулејмани, Систина преку Османовиќ успеа да израмни во 8та минута на 1-1. Екипата на LC Waikiki имаше одлична серија па со два погодоци на Алими успеа да дојде до предност од 3-1, ова ја примора екипата на Систина да направи тактички измени и да започне со отворена игра. Ова им донесе намалување на разликата на 3-2, до крајот на полувремето екипата на LC Waikiki успеа да ја одржи и зголеми предноста па на паузата заминаа со резултат од 6-3. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина ги консолидира своите редови започна со топење на резултатската негатива па до 37та минута успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 6-7. До крајот на натпреварот екипите играа егал натпревар во кој ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па со резултат од 8-8 дојде до поделба на бодовите.