Во натпревар полн со пресврти Алма М славеше над СИГАЛ Иншуренс Груп

СИГАЛ Иншуренс Груп 6-7(1-3) Алма М

СИГАЛ Иншуренс Груп: Љуљзим Каштањева 28’ 29’ Фисник Нухиу 9’ 34’ Беким Љута 23’ Шабан Чупи 40’
Алма М: Берат Лимани 13’ Абдула Фера 20’ 25’ 38’ Мухамед Муртезани 14’ Бесир Абдула 39’ Зеќирија Биљали 36’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на СИГАЛ Иншуренс Груп и Алма М, двете екипи во овој натпревар влегоа силно митивирани и атакуваа на бодовите. Екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп го отвори резултатот со погодокот на Нухиу во 9та минута, но екипата на Алма М брзо возврати преку Лимани во 13та минута за 1-1. Веќе следната минута екипата на Алма М успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 1-2. До крајот на полувремето екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп вршеше силен притисок кон голот на противникот, Алма М одлично ја искористи отворената игра за зголемување на водството на 1-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп ги консолидира своите редови па до 29та минута од натпреварот успеаа да дојдат до израмнување на 4-4. Во 34та минута екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и да поведе 5-4 со погодокот Каштањева, но Алма М не со откажуваше од овој натпревар па во 36та минута успеа да израмни на 5-5 што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата завршница екипата на Алма М успеаа да поведат и да слават во овој дуел со 6-7.