
Окта 3-7(1-4) Лукоил
Окта: Владисав Илиќ 29’ Младен Спасовски 4’ Борче Бојковски 32’
Лукоил: Иван Стојчев 6’ 8’ Лоренцо Николовски 5’ 26’ Петар Лефков 26’ 36’ Димче Андов 12’
Дваесет и четвртото коло го отворија екипите на Окта и Лукоил, двете екипи со одлична и отворена игра настапија од самиот старт. Екипата на Окта прва го отвори резултатот со погодокот на Спасовски во 4та минута, по ова водство на Окта екипата на Лукоил успеа преку Николоски во 5та минута да го израмни резултатот а само минута подоцна преку Стојчев успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 1-2. Кај екипата на Окта воочлива беше кратката клупа и немањето играч плус во ротација што Лукоил го искорости за со чести ротации одржува високо темпо на игра и зголемува водството. До полувремето екипата на Лукоил успеа да створи преднос и на паузата да замине со резултат од 1-4. Во второто полувреме екипите продолжија во ист ритам, екипата на Окта се обидуваше резултатски да се врати во натпреварот но Лукоил одлично ја чуваше предноста и преку брзи контра напади успеваше да ја зголемува предноста до 26та минута изнесуваше 1-6. Во завршницата екипата на Окта успеа да ја подобри реализацијата но Лукоил го имаше времето како сојузник па на крајот од овој дуел славеше со резултат од 3-7.