
Макстил 4-4(2-2) Халк Банка
Макстил: Лазев Мартин 33’ Бојковски Бобан 6’ 8’ Божиновски Александар 37’
Халк Банка: Дарко Крстевски 36’ Влатко Блажевски 26’ Филип Илиевски 17’ 18’
Одлично прво полувреме прикажаа екипите на Макстил и Халк Банка, екипата на Макстил со голман играч го започна овој дуел што им донесе водство уште во раната фаза. Екипата на Макстил преку два погодоци на Бојковски успеа да дојде до рано водство од 2-0, ова ја примора екипата на Халк Банка да ја заврсти играта во одбраната и преку брзи контра напади да се заканува на спротивната страна. Во финишот од полувремето кај екипата на Халк Банка профункционира Илиевски кој со два погодоци во низа и донесе израмнување на својата екипа на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со одличната игра, екипата на Халк Банка успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 2-3. Како одминуваше времето екипите го зголемуваа темпото на игра се менуваа во водството, во завршницата на натпреварот екипите имаа израмнет резултат од 4-4 што го направи крајот на овој дуел доста интересен. Во ваквата завршница ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои па на крајот од овој дуел екипите ги поделија бодовите.