Во цврст натпревар Леар и Нетцетера ги поделија бодовите

Леар 5-5(2-1) Нетцетера

Леар: Робертино Златевски 40’ Марјан Ѓоѓиески 16’ 33’ Благојче Симјановски 26’ Петар Стојковски 11’
Нетцетера: Теодор Димитровски 18’ 23’ 37’ Филип Савевски 32’ 40’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Леар и Нетцетера. Екипите беа претпазливи со цврста игра на средината на теренот својата шанса ја чекаа преку грешка на противникот. Екипата на Леар го отвори резултатот во 11та минута со погодокот на голманот Стојковски од средината на теренот, екипата на Нетцетера по оваа негатива притисна во предно поле и имаше неколку одлични шанси но изостануваше завршница. Екипата на Леар со погодокот на Ѓорѓиевски успеа да го зголеми водството на 2-0, ова ја примора екипата на Нетцетера да започне со отворен фудбал што и донесе резултат па до полувремето успеаа да намалат на 2-1 со погодокот на Димитровски. Во второто полувреме Нетцетера продолжи со одлична игра и во 23та минута од полувремето успеа да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. Екипите во второто полувреме играа егал натпревар, ниту една од екипите не успеваше резултатски да се одвои. Во самата завршница на натпреварот Леар успеа да дојде до предност од 5-4 и кога се мислеше дека овој натпревар ќе заврши во нивна полза Савевски за Нтцетера реализираше за 5-5 и поделба на бодовите.