Даци со одлична реализација ги водеше СИГАЛ Иншуренс Груп до победата над Макстил

Макстил 3-9(1-5) СИГАЛ Иншуренс Груп

Макстил: Лазев Мартин 22’ 40’ Етемов Бурхан 7’
СИГАЛ Иншуренс Груп: Ербин Даци 11’ 14’ 15’ 16’ 18’ 24’ 25′ 27’ 30’

Дваесет и петтото коло го отворија екипите на Макстил и СИГАЛ Иншуренс Груп, двете екипи имаа одличен почеток и натпреварот го започнаа со брза и отворена игра. Екипата на Макстил прва го отвори резултатот со погодокот на Етемов во 7та минута, по ова водство екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп во 10та минута преку Даци успеа да израмни на 1-1 и да ја врати неизвесноста во полувремето. Во вториот дел на полувремето екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп успеа преку вториот погодок на Даци да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 1-2. До полувремето екипите играа во високо темпо со отворена игра, но екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп имаше подобра реализација па на паузата замина со предност од 1-5. Во второто полувреме екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп продолжи со одличната игра и преку расположениот Даци од минута во минута ја зголемуваше резултатската предност. Екипата на Макстил не успеа да најде против игра за расположените СИГАЛ Иншуренс Груп кои во овој дуел ја имаа контролата врз играта и резултатот. На крајот на овој натпревар екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп успеа да слави со 3-9.