Даци ја водеше СИГАЛ Иншуренс Груп до победата над Нетцетера

Нетцетера 4-9(2-6) СИГАЛ Иншуренс Груп

Нетцетера: Теодор Димитровски 13’ 32’ Ѓорѓи Марков 16’ Мирослав Радиќ 23’
СИГАЛ Иншуренс Груп: Шабан Чупи 2’ 29’ Аднан Лимани 4’ Ербин Даци 9’ 11’ 15’ 16’ Арбен Нухиу 30’ 40’

Одличен почеток за екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп во дуелот со Нетцетера, тие уште на самиот старт на натпреварот наметнаа високо темпо на игра. СИГАЛ Иншуренс Груп со одличн реализација уште од втората минута го отвори резултатот а до 11та минута успеа да дојде до солидна резултатска предност од 0-4. Екипата на Нетцетера во 13та минута преку Димитровски успеаа да намалат на 1-4, но СИГАЛ Иншуренс Груп не дозволуваше лесни погодоци. До крајот на полувремето екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп успеа да ја одржи високата предност и со резултат од 2-6 замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Нетцетера се обиде со голман играч да створи вишок во нападот и да ја намали резултатската негатива но СИГАЛ Иншуренс Груп одлично ја постави одбраната и не дозволи изненадување. Екипата на Нетцетера успеа да ја подобри ефикасноста во второто полувреме но немаше доволно сили да ја нулира негативата. Па на крајот од овој дуел екипата на СИГАЛ Иншуренс Груп славеше со 4-9.