
Нетцетера 8-5(2-2) ВДЛ Ван Хоол
Нетцетера: Мирослав Радиќ 9’ Евгениј Костадинов 20’ Кирил Костов 27’ Теодор Димитровски 32’ 34’ 35’ 36’ Филип Савевски 39’
ВДЛ Ван Хоол: Иван Вукановски 7’ 35’ Филип Никодиновски 13’ Даниел Стаменковски 21’ 26’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Нетцетера и ВДЛ Ван Хоол, двете екипи уште на самиот старт наметнаа високо темпо на игра. Екипата на ВДЛ Ван Хоол успеаа први да го отворат резултатот во 7та минута од полувремето, но екипата на Нетцетера брзо одговори и за само две минути успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето екипите играа отворено и во високо темпо на игра, екипата на Ван Хоол успеа повторно да поведе со погодокот на Никодиновски, но Нетцетера во самата завршница на полувремето израмни на 2-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипите продолжија во високо темпо на игра се играше гол за гол, ниту една од екипите не успеа резултатски да се одвои. Во завршницата на натпреварот кај екипата на Нетцетера проработе Димитровски кој со 4 погодоци донесе целосен пресврт и водство на својата екипа од 7-5. До крајот на натпреварот екипата на Нетцетера ја сочува предноста и зголеми предноста па на крајот од овој дуел славеше со 8-5.