Димковски со гол во последните секунди ја донесе победата на Аџибадем Систина во дуелот со ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 2-3(0-1) Аџибадем Систина

ЕЛЕМ: Шкиприм Руфати 27’ 37’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 40’ Златко Бошковски 9’ Далибор Дамјановиќ 38’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Аџибадем Систина, двете екипи настапија силно мотивирани и со офанзивна игра. Екипата на Аџибадем Систина успеа прва да го отвори резултатот преку погодокот на Бошковски во 9та минута и поведе со 1-0, по ова водство екипата на ЕЛЕМ се префрли на противничката половина и започна со силен притисок кон голот на Систина. До крајот на полувремето екипата на Аџибадем Систина успеваше да ја сочува својата мрежа и го издржи силниот притисок на ЕЛЕМ па на паузата замина со 0-1. Во второто полувреме екипите продолжија со израмнета игра, екипата на ЕЛЕМ успеа во 27та минута успеаа да израмнат преку Руфати на 1-1. По ова израмнување екипите го подигнаа темпото на игра и се почесто се закануваа кон голот на противникот со цел да дојдат до израмнување. Екипата на ЕЛЕМ во игра внесе голман играч што им донесе предност во завршницата на натпреварот од 2-1, сепак Аџибадем Систина во 38та минута успеа да израмни на 2-2 што ја направи завршницата вистинска драма. Во ваквата драматична завршница кај екипаа на Аџибадем Сиситна блесна Димковски кој во полседните секуни од натпреварот на својата екипа и ја донесе победата со резултат од 2-3.