
Аџибадем Систина 8-5(3-2) Окта
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 9’ 15’ 22’ 25’ 28’ 38’ Игор Ѓорѓиевски 39’ Далибор Дајановиќ 7’
Окта: Александар Јовчевски 4’ 38’ Владислав Илиќ 4’ 24’ 33’
Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на Аџибадем Систина и Окта, екипите уште на самиот старт настапија во висок ритам и со отворена игра. Екипата на Окта прва го овори резултатот во 4та минута со погодокот на Јовчевски а Илиќ во истата минута стрелаше за зголемување на 0-2. Екипата на Аџибадем Систина успеа до 9та минута преку Јовчевски и Димковски да дојде до израмнување на резултатот на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Систина успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 3-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Окта со голман играч се обиде да дојде до израмнување, но кај Систина денеска блесна Димковски кој имаше одлична реализација па до 28та минута имаше 5 погодоци за предност од 6-3. Во завршницата на дуелот екипата на Окта притисна кон голот на противникот но немаше сили за целосен пресврт па на крајот од овој дуел екипата на Аџибадем Систина славеше со 8-5.