
Матрикс 12-2 (5-0) Нелт Груп
Матрикс: Драган Брњарчевски 15’, 37’, Даниел Боневски 6’, 20’, 21’, 30’, 34’, 37’, Тони Брњарчевски 4’, 20’, 32’, 34’
Нелт Груп: Стефан Митровски 26’, 27’
Матрикс имаше одличен почеток на дуелот со Нелт Груп, наметнувајќи високо темпо уште од првите минути. Офанзивниот пристап вроди со плод во 4. минута, кога Тони Брњарчевски го отвори резултатот. Нелт Груп се обидуваше со поофанзивна игра да се врати во натпреварот, но Матрикс ја искористи отворената игра на противникот и преку Даниел Боневски во 6. минута ја зголеми предноста на 2-0. Како одминуваше времето, Матрикс продолжи да ја зголемува резултатската предност, па на паузата замина со убедливо водство од 5-0. Во второто полувреме Матрикс го задржа високиот ритам, а дуото Боневски – Брњарчевски продолжи да ја полни противничката мрежа. Нелт Груп немаше решение за расположениот противник, а и покрај двата гола на Стефан Митровски, успеа само да ја ублажи високата негатива. Матрикс имаше убедлива вечер и на крајот заслужено славеше со 12-2.
Играч на натпреварот: Даниел Боневски (Матрикс)