LC Waikiki со тимска игра до победата над ВДЛ Ван Хоол

ВДЛ Ван Хоол 0-5 (0-2) LC Waikiki

LC Waikiki: Ергин Алими 34’, Фуркан Фетаи 36’, Есер Сулејмани 25’, Исмаил Абдулах 13’, 14’

Дуелот меѓу ВДЛ Ван Хоол и LC Waikiki донесе интересно и борбено прво полувреме. Двете екипи мотивирано го започнаа натпреварот, играјќи цврсто во одбраната и барајќи ја својата шанса преку брзи транзиции и грешки на противникот. LC Waikiki го отвори резултатот во 13. минута, кога Исмаил Абдулах ја искористи грешката во одбраната на ВДЛ Ван Хоол и донесе водство од 0-1. Само една минута подоцна, Абдулах со удар од далечина повторно ја затресе мрежата и ја зголеми предноста на 0-2. Овој резултат ги принуди домаќините да направат тактички промени, да ја зацврстат одбраната и да извршат поголем притисок во предното поле. Сепак, до крајот на првото полувреме ВДЛ Ван Хоол не успеа да го намали резултатот, па на паузата се замина со предност од 0-2 за LC Waikiki. Во второто полувреме ВДЛ Ван Хоол се обиде со посилен притисок да се врати во натпреварот, но не успеа да ја реализира својата иницијатива. LC Waikiki, пак, ја искористи бројчаната предност по исклучувањето во противничките редови и преку Есер Сулејмани во 25. минута зголеми на 0-3. До крајот на натпреварот, Ергин Алими и Фуркан Фетаи постигнаа уште два гола, за убедлива победа на LC Waikiki од 0-5.

Играч на натпреварот: Исмаил Абдулах (LC Waikiki)