Дуото Гојани – Рамадани го водеа Леорон до победа над Алма М

Алма М 3-6(2-4) Леорон

Алма М: Абдула Фера 15’ Мухамед Муртезани 7’ Зеќирија Биљали 31’
Леорон: Арон Гојани 8’ 11’ 21’ Аддас Рамадани 13’ 20’ 33’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Алма М и Леорон, екипата на Алма М прва го отвори резултатот во овој натпревар со погодокот на Муртезани, веќе во слендиот напад Леорон одговори преку Гојани за 1-1. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра, екипата на Леорон преку вториот погодок на Гојани успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и предност од 1-2. До крајот на полувремето екипите беа рамноправни на теренот но екипата на Леорон успеа да искористи повеќе од своите шанси па на паузата замина со прендост од 2-4. Во второто полувреме екипата на Леорон продолжи со одличната реализација па успеа на самиот старт уште во 21та минута да зголеми на 2-5, ова ја примора екипата на Алма М да направи тактички измени и со поофанзивна игра да се заканува кон голот на противникот. Ваквата тактика донесе резултат па Алма М успеа да намали на 3-5. До крајот на натпреварот екипата на Леорон одлично ја постави играта во одбраната и преку контри се закануваше на спротивната страна што им донесе резултатска предност од 3 погодоци. Леорон успеа да ја сочува предноста до крајот на натпреварот и да слави во овој дуел со 3-6.