
Леар 6-3(1-2) LC Waikiki
Леар: Тоше Зафировски 20’ 39’ 40’ Стефан Златевски 24’ 29’ 35’
LC Waikiki: Ергин Алими 7’ Мустафа Мустафа 21’ Фуркан Фетаи 14’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Леар и LC Waikiki, двете екипи од самиот старт на натпреварот влегоа силно мотивирани и атакуваа на бодовите. Екипата на LC Waikiki во 7та минута од полувремето успеа да реализира и да поведе со 0-1 преку погодокот на Ергин. По оваа негатива екипата на Леар започна со нешто поофанзивна игра и користејќи го својот голман како голман играч ствараше вишок во нападот со цел да дојде до израмнување. Екипата на LC Waikiki ја искористи оваа отворена игра на Леар за во 14та минута со погодокот на Фетаи успеаа да го зголеми водството на 0-2. До крајот на полувремето екипата Леар успеа да ја ублажи разликата па на полувремето се замина на 1-2. Во второто полувреме екипата на екипата на самиот старт успеа да го зголеми водството на 1-3. Екипата на Леар успеа да ги консолидира своите редови и почна да ја топи резултатската негатива. Кај екипата на LC Waikiki се повреди Фетаи кој е еден од кличните играчи во тимот што ја смени во целост играта на терен, екипата на Леар успеа да ја искористи оваа шанса па успеаа да дојдат до целосен ресултатски пресврт. Во самиот финиш од натпреварот екипата на Леар со два погодоци во низа успеа да ја осигура победата со резултат од 6-3.