Дуото Костадинов – Димитровски ја водеа Нетцетера до победа над ЕВН

ЕВН 5-9(1-3) Нетцетера

ЕВН: Бојан Симоновски 29’ Бојан Тодоровски 32’ Хамза Јашари 19’ 25’ 35’
Нетцетера: Теодор Димитровски 13’ 17’ 24’ 27’ Евгениј Костадинов 7’ 29’ 36’ Кирил Костов 30’ Мирослав Радиќ 26’

Интересно прво полувреме ни прикажаа екипите на ЕВН и Нетцетера, екипата на ЕВН од самиот старт на полувремето настапи доста офанзивно и често доаѓаше до изглени шанси, но Нетцетера со брзи контра напади успеаа први да го отворат резултатот и да поведат со 0-1. Екипата на Нетцетера продолжи со одлично поставена одбрана и брзи контра напади преку кои успеа да ја зголеми резултатската предност на 0-3. До крајот на полувремето екипата на ЕВН вршеше силен притисок па до пауза успеаа да намалат на 1-3. Во второто полувреме се продолжи со динамичен фудбал екипата на ЕВН успеваше да реализира но Нетцетера ја одржуваше резултатската предност и не дозволуваше пресврт. Екипата на Нетцетера денеска беше доста расположена и со одлични погодоци од далечина успеа да ја осигура победата во дуелот со ЕВН со ресултат од 5-9.