ЕВН преку Митев до победата до Атлантик Груп

Атлантик Груп 4-7(1-4) ЕВН

Атлантик Груп: Мирослав Тодоровски 12’ Љупчо Павковиќ 40’ Благојче Стојнаовски 24’ Влатко Трајковски 25’
ЕВН: Дарко Стоилевски 14’ 37’ Вилијам Митев 16’ 17’ 20’ 30’ Хамза Јашари 33’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Атлантик Груп и ЕВН, двете екипи во овој дуел влегоа претпазливи со цврсто поставена одбрана. Екипите на стартот од полувремето играа во високо темпо но со злаба завршница, екипата на Атлантик Груп го отвори резултатот во 12та минута од полувремето и успеа да поведе со 1-0 со погодокот на Тодоровски. По оваа негатива екипата на ЕВН ги консолидира своите редови и во 14та минута преку Стоилевски успеа да израмни на 1-1, а само две минути подоцна преку Митев успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 1-2. До кјраот на полувремето екипата на ЕВН одлично ја постави играта и имаше одлична реализација па на паузата заминаа со предност од 1-4. Во второто полувреме Екипата на Атлнатик Груп имаше брза реализација преку стојановски и Трајковски и успеа да дојде до само гол негатива при резултат од 3-4. Екипата на ЕВН не дозволи изненадување и успеа да ја сочува предноста и слави на крајот од овој дуел со резултат 4-7.