
Матрикс 3-5(1-3) ЕВН
Матрикс: Предраг Стојмировиќ 29’ Ивица Алампиоски 10’ Даниел Боневски 34’
ЕВН: Дарко Стоилевски 9’ 18’ 19’ 37’ Ајет Новобрдалија 25’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Матрикс и ЕВН, екипите во овој дуел настапија со цврста одбрана и својата шанса за реализација ја чекаа на грешка на протиникот. Екипата на ЕВН прва го отвори резултатот со погодокот во 9та минута преку Стоилевски успеа да дојде до предност од 0-1. Екипата на Матрикс имаше брз одговор па веќе во следната минта преку Алампиоски успеа да израмни на 1-1. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра и се почесто се закануваа кон голот на противникот, но во финшот од полувремето екипата на ЕВН со погодоците на Стоилевски успеа да дојде до предност од 1-3 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Матрикс ги консолидира своите редови и успеа да ја стопи резултатската негатива па до 34та минута успеа да дојде до резултат од 3-4. Во завршницата на натпреварот екипата на ЕВН успеа да ја сочува предноста и на крајот од овој дуел да слави со 3-5.