ЕВН со одлична завршница до победата над ВДЛ Ван Хоол и влез во Ф8

ВДЛ Ван Хоол 1-3(0-1) ЕВН

ВДЛ Ван Хоол: Филип Никодиновски 30’
ЕВН: Вилијам Митев 40’ Ајет Новобрдалија 40’ Наум Бадаловски 6’

Израмнето прво полувреме прикажаа екипите на ВДЛ Ван Хоол и ЕВН, двете екипи играа цврста игра со силна одбрана. Екипите со одлично поставена игра на средината на теренот чекаа на грешка на противникот за реализација на погодок. Екипата ан ЕВН прва го отвори резултато во 6та минута со погодокот на Бадаловски, ова им беше ветер во грб за посилно да атакуваат кон голот на противникот. Екипата на ВДЛ Ван Хоол со цел да ја нулира резултатската негатива започна со по отворена игра, но ЕВН одлично ја постави одбраната па до паузата остана резултатот од 0-1. Во втората половина на натпреварот екипата на ВДЛ Ван Хоол успеа да го израмни резултатот во 30та минута со погодокот на Никодиновски на 1-1. Како одминуваше времето екипите го подигаа темпото на игра, но голманите беа на ниво на задачата па мрежите мируваа. Во самата завршница кога се очекуваше дека пеналите ке го одлучат победникот, екипата на ЕВН успеа преку Митев да дојде до изненадување и предност од 1-2. Екипата на ВДЛ Ван Хоол имаше одлични шанси но ЕВН преку Новобрдалија во последните минути стави точка на натпреварот и славеше со 1-3